Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на претставници на ЦКРСМ на работен состанок за зајакнување на подготвеност за дејствување при кризни и итни состојби на земјите од Југоисточна Европа

2024-02-26

Учество на претставници на ЦКРСМ на работен состанок за зајакнување на подготвеност за дејствување при кризни и итни состојби на земјите од Југоисточна Европа

Во периодот од 20-21 февруари 2024 година во Виена, Австрија  се одржа работен состанок за зајакнување на подготвеност за дејствување при кризни и итни состојби на земји од Југоисточна Европа. Работниот состанок беше организиран од страна на Австриски Црвен крст.

На работилницата учествуваа претставници од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Главната цел на состанокот беше да се идентификуваат постечките капацитети како и идните потреби на земјите во Југоисточна Европа за зајакнување на подготвеноста и капацитетите на сите институции во системот за кризен менаџмент. На работилницата исто така се дискутираше за  градење нови и развој на понатамошни постоечки компетенции, вештини, знаења и експертизи за цивилната заштита и кризен менаџмент на индивидуално, организациско и институционално ниво.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025